За неколку месеци населените места Василево, Градашорци, Ангелци и Едрениково конечно ќе имаат чиста и здрава вода за пиење.
„Обезбедивме средства за последната фаза од реконструкција на филтер станицата ,,Ташли баир“. Моето ветување го исполнувам. Постепено но сигурно работиме населените места во општина Василево да добијат чиста вода за пиење. Конечно ќе заврши целосното и темелно решавање на проблемот со вода за пиење за жителите на Василево,Градошорци, Ангелци и Едрениково. Навистина сум среќен што решаваме децениски проблем. Правото на пристап до чиста вода е основно човеково право“, порача градоначалникот на Општина Василево, Славе Андонов.