Општините Василево, Босилово и Ново Село добија ровокопач за одржување на патиштата. Оваа машина е од проектот „Подобрување на општинските услуги“ чиј носител е општина Василево, а останатите две општини се рамноправни партнери.
Ровокопачот е особено значаен за одржување и на полски патишта но и за чистење на канали. Станува збор за грант од Европската Унија, со поддршка на Министерството за финансии.