• Fri. Nov 22nd, 2024

Васил Гарванлиев не влезе во финалето на Евросонг

Васил Гарванлиев не влезе во финалето на Евросонг

Вчеравечер, вторник, 18 мај 2021 се одржа првата полуфинална вечер од 65. издание на изборот за Песна на Евровизијата – Евросонг 2021, на која беа одбрани првите 10 финалисти.

Македонија, која годинава ја претставуваше Васил Гарванлиев со песната „Here I Stand„ одново неславно го заврши настапот на Евросонг 2021, зашто Васил  не успеа да влезе во финалето!
Стравувањата дека и овој пат сме „тенки“ во настапот, зачинети со бројните контроверзи уште од самиот старт на изборот на наш претставник и песна, се обистинија.  Ниту целата (не)намерна галама и прашина со „бугарштината“ која се крена околу Гарванлиев пред заминувањето во Ротердам, ниту неговото отворено признание дека е геј, случајно или намерно темпирано да биде соопштено непосредно пред почетокот на првото полуфинале, ниту несомнените вокални квалитети на пејачот, не помогнаа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *