Покрај секојдневното работење на ЈПКД Комуналец, грижата и апелирање то за почист град, уредени паркови и јавни тревни површини, некои лица со своето неодговорно, недомаќинско па дури и вандалско однесување придонесуваат за грдата слика на улиците низ градот.
Со фрлање на секаков вид отпад насекаде, уништување на специјалните контејнери за електронски отпад, со уништување на урбаната опрема низ градскиот парк која се случи денес ја покажуваат својата некултура и негрижа за почиста уредена животна средина.
ЈПКД Комуналец апелира до надлежните институции да се пронајдат сторителите, а до сите совесни граѓани да пријавуваат и фотографираат вакви настани сѐ со цел за нивно спречување, за да можеме да имаме функционална урбана опрема, поубав и почист град.