• Sat. Nov 23rd, 2024

Вандализам во Радовиш и населените места. 2 милиони денари штета е направена врз детски и спортски игралишта

По налог на градоначалникот на општина Радовиш, на ден 10 Мај 2018 година беше направен комплетен увид во состојбата во која се наоѓаат детските и спортските игралишта во општина Радовиш.

Задолжената работна група извршија увид на следните објекти: Парк „Липа„ – Радовиш, Парк на млади – Радовиш, Камен мост – Радовиш, ТС Трифка, Детски пар – Раклиш, Детски парк – Ораовица, Стар парк – Ораовица, Спортско игралиште – Ораовица, Детски парк Подареш, Спортско игралиште – Ораовица, Детски парк – Јаргулица, -Детски парк – Злеово, Спортско игралиште Злеово, Детски Парк – Калугерица, Спортско игралиште (школо) – Калугерица, Спортско игралиште – Воиславци, Детско игралиште –Воиславци, Спомен парк на паднатите борци во с. Воиславци, ТС Тополница, Детски парк Куклевица, Детски парк – Ињево, Детски парк Технал`к и Детски парк – Марди.

Од извршениот увид, беше констатиран невиден вандализам и уништување на општинскиот имот на објектите изградени од општински и државни средства и проекти, а коишто беа дадени за уживање и рекреација на граѓаните, младите и најмладите од општина Радовиш.

Вкупната штета се проценува на преку 2.000 000, денари, или како да се изградат четири нови игралишта.

Работната група препорачува:
1. Да се Засили надзорот од страна на комуналната инспекција и комуналните редари и да се работи на откривање на сторителте – вандали во тесна координација со полицијата,
2. Да се направи Договор за користење и одржување на овие објекти со месните заедници во наслените места и општинските основни училиштѕе во чијашти функција се ставени дел од спортските игралишта и
3. Да се влијае едукативно врз граѓаните за да не се оштетува имотот што им служи за нивна рекреација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *