Градоначалникот Перо Костадинов попладнево околу 18 часот е повреден во сообраќајна несреќа, којашто се случила на патот Удово-Демир Капија, по излезот од тунелот. Според неофицијални информации, Костадинов е полесно повреден, додека пратеничката Мери Лазарова којашто исто така била во автомобилот е потешко повредена и е префрлена во Ургентниот центар во Скопје.
Засега не се знаат детали, како дошло до сообраќајната несреќа и кој го управувал автомобилот во кој биле високите функционери на СДСМ. Повеќе информации за несреќата во текот на наредните часови.