• Wed. Nov 27th, 2024

Валандово, Радовиш и Василево ќе обезбедат енергетско ефикасно улично осветлување.

ByВане Трајков

May 14, 2019

Општините Валандово, Радовиш и Василево се дел од пилот општините кои преку проект, финансиран од Европската унија, ќе обезбедат енергетско ефикасно улично осветлување.

Проектот ќе се реализира преку јавно-приватно партнерство со ЕСКО компании (фирми кои со својата дејност одговараат на проектот и сакаат да се вклучат), како и со поддршка од Европската банка за обнова и развој, која ќе ги подготвува потребните документи и договори.

Финансирањето, изведбата и гаранциите за имплементацијата на проектот ќе ги сноси ЕСКО компаниите сп кои општините ќе склучат договор, додека ануитетот кон ЕСКО компанијата, ќе го плаќаат исклучиво од заштедата на енергијата со месечни ануитети до реализацијата на договорот. По истекот на договорот, целата заштеда на енергија и опремата остануваат на општините

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *