• Fri. Nov 22nd, 2024

Вакцина против Ковид-19 досега примиле над 26.000 граѓани

Вакцина против Ковид-19 досега примиле над 26.000 граѓани.

Вакцина против Ковид-19 досега примиле 26.014 граѓани, стои на онлајн платформата kovid19vakcinacija.mk на која граѓаните може да се информираат за вакцините, процесот и фазите на вакцинација. На веб страницата vakcinacija.mk за вакцинација се пријавиле 154 248 граѓани.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека вакцинацијата во државата се одвива добро, околу 25 000 граѓани се вакцинирани во салата „Борис Трајковски“, а денеска, како што посочи, завршува вакцинација на вработените во критичната инфраструктура, согласно националниот план.

-Од среда, останатиот дел од 20 000 вакцини на „Спутник“, ќе бидат распределени по возрасни групи, рече Филипче.

Тој посочи дека вакцинацијата со останатите вакцини на „Спутник“ од денеска ќе се одвива исто како што се одвива вакцинацијата од почетокот со вакцината на „Астра Зенека“ по вакциналните пунктови. Министерот Филипче упати апел до сите граѓани да се пријават на сајтот за вакцинација „vakcinacija.mk“, со цел сите податоци на пријавените граѓани влезат во системот „Мој Термин“ и на тој начин да бидат регрутирани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *