• Sun. Nov 24th, 2024

Буџетот за 2022 година ќе изнесува 4,43 милијарди евра

Вкупните буџетски расходи идната година ќе изнесуваат 272,4 милијарди денари (околу 4,43 милијарди евра), или 35,2 отсто од домашниот бруто-производ, додека вкупните приходи се проектирани на 238,9 милијарди денари (или околу 3,8 милијарди евра) односно 30,9 отсто од БДП. Буџетскиот дефицит е предвиден во износ од 33,5 милијарди денари или околу 544,4 милиони евра (4,3 отсто од БДП).  Разликата меѓу расходите и приходите ќе се пополни со задолжување од домашни и странски извори, при што за таа цел покрај постојните видови обврзници. ќе се издаваат и четири видови нови – развојни, зелени, проектни и индексирани со инфлацијата.

Ова денес на прес конференција го изјави министерот за финансии Фатмир Бесими образложувајќи го Предлог-буџетот за 2022 година кој беше усвоен викендов на владина седница, но поради изборниот молк беше презентиран денеска. „Главна каракеристика на буџетскиот дефицит ќе биде што тој ќе се користи за поддршка на капиталните расходи, односно на капиталните инвестиции, кои се предвидени во износ од 37,8 милијарди деанри. Ова значи дека капиталните расходи се поголеми од буџетскиот дефицит што покажува дека буџетот за наредната година е развоен“, рече Бесими на прес конференцијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *