• Sat. Nov 23rd, 2024

Бујар Османи вели дека кога ќе дојде време ќе го кажат ставот за францускиот предлог

ByВане Трајков

Jun 18, 2022

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи вели дека кога ќе дојде време ќе го кажат ставот за францускиот предлог, а засега тие не го добиле предлогот формално. 

Кажа дека со внимание ги следи сите објави и реакции за францускиот предлог. 

„Се разбира, јас имам начин како да имам пристап до тој документ, правиме анализа, но, ќе кажеме наш став за сите прашања кога ќе дојде време за тоа, кога ние ќе сметаме дека ќе биде во наш интерес тоа да го направиме“, изјави Османи.

Ќе почекаат и земјите членки да го кажат својот став. 

„Јас мислам дека не е во наш интерес ние да ги кажеме нашите позиции во однос на таквите предлози додека не ги слушнеме позициите на земјите членки, откако земјите членки ќе ги изразат своите забелешки, а тоа се 26 земји членки, секоја да каже свој став“, рече тој.

Во македонската јавност има доста негативни реакции. 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *