• Mon. Nov 25th, 2024

Бугарски Хебар Пазарџик верува дека со струмичанецот Љафтов ќе бидат во трка за титула

Александар Љафтов го засили  бугарски Хебар од Пазарџик кој се надева дека со струмичкиот интернационалец ќе бидат во најдобрите четри одбојкарски тима во Бугарија во новата  првенствена сезона.  Тој веќе десетина дена е со новиот тим и во моментов се на подготовки во Тетевен каде Љафтов тврди дека имале одлични услови за темпирање на формата .Раководството на Хебар смета дека со своите квалитети Љафтов може да биде носител на играта на бугарскиот прволигаш и еден од двигателите за висок пласман заедно со србинот Немања Стефановиќ

,, Одлично сум прифатен овде. Близината и силната бугарска лига беа доволна причина да дојдам овде. Лигата започнува во првата седмица во октомври и едвај очекувам да заиграм,, кусо ни одговори Љафтов

Александар Љафтов кој зад себе има огромно интернационално искуство и е член на македонската одбојкарска репрезентација, во бугарски Хебар потпиша договор за една година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *