Во земјава вкупно 194 здравствени работни се заразени со коронавирус, од кои 13 оздравеле, извести Институтот за јавно здравје во најновиот извештај за состојбата, пренесе Макфакс.
Досега, потврдени се 1.117 случаи на ковид-19, регистрирани во 21 град во државата, од кои 71,8 проценти се регистрирани од три града: Скопје (388), Куманово (311) и Прилеп (103).