Иако не се пребројани сите гласови на британскиот референдум, речиси е сигурно дека Британците гласале да ја напуштат Европската унија (ЕУ). BBC и Sky News уште од 05.00 часот утринава прогласија победа на опцијата која се залагаше за напуштање на „друштвото на европските народи“.
Според прогнозите на истите извори 52 отсто од Британците гласале нивната држава да ја напушти ЕУ и дека оваа бројка ќе остане бидејќи не се очекува да дојде до некакви драматични промени во финалното пребројување на гласовите.
На референдумот излегле речиси 72 отсто од жителите на Велика Британија, околу 15 милиони гласале Велика Британија да излезе од ЕУ, а поддржувачите на ЕУ добиле околу еден милион гласови помалку.
Инаку, според претседателот на Европската народна партија, водечката партија на десниот центар во Европскиот парламент, Манфред Вебер, се очекува Велика Британија во наредните две години целосно да излезе од ЕУ.