Неколку екипи на Итната медицинска помош ги следеа активностите на пожарникарите во гасењето на пожарот во трговскиот центар Глобал и реагираа доколку некој пожарникар почувствува слабост или вдишал чад. За среќа, немаше многу вакви ситуации.
Исто така, екипата прегледа и неколку момчиња кои се затекнаа во објектот за време на пожарот.
Во гасењето на опожарениот објект учествуваа голем број противпожарни екипи од повеќе градови. Засега информациите се дека пожарот е под контрола.