Фудбалската екипа на Брера Струмица претрпе пораз од Черноморец Одеса со 3-1 во својот втор контролен натпревар во Анталија, Турција.
Слично како и во предходниот натпревар со Верес, фокусот на струмичката екипа беше на играта и индивидуалните перформанси на играчите, што резултираше во шанса за секој фудбалер да настапи. Единствениот гол за Брера во овој натпревар го постигна Ибрахим Олаосебикан.
Според распоредот, следниот натпревар за Брера е против екипата на Рух од Полска во вторник, а потоа ќе ги заврши пријателските натпревари во Турција против Атурај од Казахстан.