По вториот круг на претседателските избори во Словенија,досегашниот претседател Борут Пахор го освои својот втор претседателски мандат, јавуваат агенциите.
Тој врз основа на 50 отсто од преброените гласови освоил 53,64 отсто од гласовите, соопшти словенечката изборна комисија.
Неговиот противник, градоначалникот на Камник Марјан Шарец, освои 46,36 отсто од гласовите и го призна поразот.