• Sat. Nov 23rd, 2024

Богданци меѓу првите 6 општини со сертификат за поволно деловно опкружување

Oпштина Богданци беше дел од XII-то свечено Собрание на НАЛЕД и доделувањето на сертификати за поволно деловно опкружување на градови и општини од регионот – BFC SEE STANDARD (Business friendly certificate south east Europe) во Белград. Богданци е во првите шест општини во Македонија кои се имаат сертифицирано заедно со Струмица,Скопје,Велес, Штип,Гази Баба.
Програмата за сертификација им обезбедува на општините јасни насоки за тоа како да креираат добра деловна клима и воведат меѓународни стандарди за ефикасна и транспарентна локална администрација.
Со подршка на германското друштво за меѓународна соработка GIZ, проектот е започнат заедно со четири партнери од регионот Босна и Херцеговина,Србија, Хрватска и Црна Гора со цел воспоставување заеднички стандард и печат на квалитет на деловното опкружување во општините во регионот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *