Во спортската сала „Парк“ во Струмица, со почеток од 18 часот, ќе се одигра ракометниот Супер Куп помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар.
Одицијалните лица ги делегираше натпреварувачката комисија на РФМ, а на натпреварот ќе суди судиската двојка Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола.
Делегат на натпреварот ќе биде Камер Металари, аконтролор ќе биде Драган Начевски.
Досега се одиграни пет Супер Куп средби, а на двете последни средби во 2021 и 2022 победник беше Еурофарм Пелистер.