• Fri. Nov 22nd, 2024

Битиќи: Неопходна ни е дополнителна работна сила за да имаме економски раст и развој

Заменик-претседателот на Владата на Република Македонија за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, гостуваше во емисијата Zoom in на регионалната телевизија Bloomberg Adria на која говореше за потребата за увоз на работна сила како неминовно решение за недостигот на работна сила со која се соочува нашата земја.

Вицепремиерот Битиќи истакна дека веќе е дојдено време да ја отвориме дискусијата за потребата од дополнителна работна сила на пазарот на труд.

Во разговорот, Битиќи рече дека додека веќе работиме на доквалификација и реквалификација на одредена група невработени во Македонија за истите да ги прилагодиме на потребите на пазарот, дополнително ќе мора да се најде начин да се надополни одливот на работници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *