На 02.12.2020 во 20.30 часот во Полициската станица Струмица, У.О.(55) од Струмица пријавил дека околу 17.00 часот во неговото дворно место на ул.„Бетовенова“ во Струмица бил физички нападнат од И.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.12.2020 околу 15.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека настанал пожар во куќата, сопственост на Г.Б. на ул. „1-ви Мај“ во Струмица. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица, а повредени лица нема. Увид на местото извршиле екипа на Секторот за внатрени работи Струмица и инспектор од Дирекција за заштита и спасување.