• Fri. Nov 22nd, 2024

Бизарни гурмански фестивали

Славењето на врвните слаткарски производи или пивото и колбасите, на нас луѓето со обичните желудници, ни претставува единствен примерен начин на уживање во забавата посветена на храната. Но, некои примерното го сметаат за ужасно досадно, па затоа решиле да се запишат во гурманските карти на светот и на тој начин да ги покажат најбизарните варијанти на храната.

Roadlill Cookoff
Со мотото “тоа што вие ќе го прегазите ние го ставаме на скара”, секој септември екипата во местото Марлингтон, западна Вирџинија, го слави она што загинало на патиштата. Срни, верверици, мечки и останатите жители на шумата завршуваат во гулашот или на скара. Но, и покрај мотото со кое се гордеат, натпреварувачите не смеат да го донесат тоа што го прегазиле на патот, туку загинатите животни што ги пронашле покрај него.

Фестивал на тестиси од мисир
Од 1978 година, секоја втора сабота во октомври во Бајрон, Илиноис, се ужива на фестивалот на тестиси од мисир. Наменет е за личностите постари од 21 година кои за само пет долари може да уживаат во караоке, разни квизови и нормално – тестиси од мисир. Но, тоа не е едниствен фестивал со ваква тематика, бидејќи во истата држава, но во местото Хантли, веќе 25 години постои потполно ист фестивал. Којзнае, можеби тестисите од мисир во Илиноис се повкусни отколку во остатокот од светот.

Gilroy фестивал на лукот
Последните 30 години низ Гилрој во Калифорнија се шири опојниот мирис “смрдлива роза”. Причина за тоа е фестивалот на лук, кој за таа прилика се става во чоколадо, леб, сладолед и многу други со лук неспоиви прехрамбени производи. Иако фестивалот се одржува само неколку дена, сигурни сме дека Гилрој мириса на лук до следната веселба.

Bugfest
Црвите, бубачките и инсектите за повеќето од нас се суштества створени за ползење по земјата, а не по нашиот желудник. Но, авантуристичките души од Северна Калифорнија мислат поинаку. Ги јадат маринирани и со нив го збогатуаат вкусот на капучиното и разните јадењеа. Само, жал им е што во таквата единствена понуда можат да уживаат единствено на 20-ти септември.

Havard денови на млекото
Фестивалот кој го слави млекото е најстариот фестивал во државата Илиноис. Млекото и млечните производи напаѓаат од сите страни, а девојките може да се пријават за Мис Денови на млекото. Баш не интересира за кои атрибути се добиваат најмногу поени.

By

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *