Пред стартот на новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, струмичка Беласица се засили со двајца нови играчи.
Новите имиња се Бејков Христијан, кој игра на позицијата штопер и ни доаѓа од екипата на ФК Кожуф и Картов Борче, кој е голман доаѓа исто така од екипата на ФК Кожуф. Во својата кариера Картов има настапувано и за ФК Вардар.
Беласица во новата сезона во ВМФЛ ќе биде предводена од искусниот стратег Васе Беќаров, кој е поранешен селектор на македонската репрезентација до 17 години.