Монтери на гипс картон, монтери на гасовод и на соларни панели се дел од занимањата за кои може да се обучуваат струмичките невработени лица. Тоа се дел од побаруваните занимања за кои има недостиг на пазарот за труд, а за кои Агенцијата за вработување организира обуки. До 23 април заинтересираните лица може да аплицираат во подрачната единица за да бидат дел од работилниците.
Според оперативниот план за вработување преку активните мерки, кандидатите кои ќе ја посетуваат тримесечната обука ќе добиваат и месечен надомест од 9 илјади денари, а ќе се стекнат со признат сертификат за својата работа.
Во оперативниот план за 2018 година на ниво на Македонија за оваа мерка предвидени се 400 слободни места. Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, неодамна изјави дека оперативниот план за вработување го создале заедно со работниците и работодавачите.
Истовремено, трае и пријавувањето за мерката за стекнување вештини меѓу кои за основно и напредно ниво за компјутерски вештини и дигитална писменост, странски јазици и банкарство. Целна група на обуките се невработените лица евидентриани во Центрите за зврабитување.
За обуките за побарувани занимања и занаети обезбедени се блузу 400 илјади евра дел од државниот буџет, а дел преку проект на Светска банка. За обуките за стекнување вештини обезбедени се околу 350 илјади евра.
Заклучно со 28 февруари 2018 година, во Струмица евиудентирани се 3386 невработени лица од кои повеќе од половината без основно и само со основно образование.