• Fri. Nov 22nd, 2024

Бесплатна телефонска линија 0800-54321 во канцеларијата на Народниот правобранител за предизборни неправилности

Сите неправилности може да се пријават во текот на предизборниот период и на денот на гласањето. Телефонската линија ќе функционира секој работен ден од 8 до 16 часот и по пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш, по примениот повик, или снимената порака, велат од канцеларијата на Народниот правобранител.

Отворени за граѓаните ќе бидат сите седум канцеларии на Народниот правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните права.

Народниот правобранител, истовремено ги потсетува и апелира до сите чинители во општеството, да не ги попречуваат граѓаните во остварувањето на нивното загарантирано право на излегување и лично изјаснување, а ги охрабрува граѓаните секое евентуално влијание да го пријават.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *