• Sun. Nov 24th, 2024

Бензините поскапуваат по еден денар, дизелот поскапува половина денар

ByВане Трајков

Jun 21, 2021

Регулаторната Комисија за Енергетика одлучи повторно да ги зголеми цените на горивата.

Според методологијата која РКЕ ја користи за пресметка на цените на горивата, од вечерва на полноќ малопродажните цени се зголемуваат во просек за 1.5%.

Бензините поскапуваат по еден денар, па еден литар 95-октански бензин ќе чини 69.50 денари, додека еден литар 98-октански бензин ќе чини 71.50 денари.

Дизелот поскапува половина денар, и еден литар Еуродизел ќе чини 62.00 денари.

Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *