Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар за литар, а за исто толку се зголемува цената на дизел горивата, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,03 отсто.
Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 80 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 82, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 71, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 69 денари за литар.
Со одлуката на РКЕ за 0,022 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на Мазутот и ќе изнесува 41,007 денари.