оривата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 1 и за 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.
Со денешната одлука малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1 денар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,5 денар за литат.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,020 денари за килограм.
Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 60,5 денари, на ЕУРОСУПЕР БС -98 62,5 денари, на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 53 денари, на масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 53 денари за литар, а на мазутот 28,501 денари за килограм.