Струмичка Беласица остана без тренер на неполни две недели пред старотот на првенството во Првата лига каде струмичките синобели по пауза од повеќе од една деценија се враќаат. Еден од главните виновници што Беласица е врати во елитата е токму Раде Цицмиловиќ кој оставката ја најави на социјалните мрежи при што истата ја наведе од приватни причини
,,Поминав прекрасни две години во Беласица и учествував во еден од најголемите успеси во последните 14 години за овој клуб. Од трета лига стасавме до Прва и тоа успех на сите од стручниот штаб, вработените, управата, играчите и навувачката група ,,Ајдуци,,. После тие прекрасни две години на кои имавме само два пораза и преку 180 гола а само 10 примени, од приватни причини си поднесувам оставка од функцијата шеф на стручниот штаб и заминувам со крената глава ,, напиша Цицмиловиќ на својот ФБ профил кој се заблагодари на сите во клубот, посебно на претседателот Славчо Васков Пинда, и му посака се најдобро на струмичкиот клуб во иднина.
По регистрацијата на Беласица како АД што беше услов за настап во Првата лига ова е нов проблем за струмичките сино бели кои под итно ќе мора да најдат кормилар кој ќе ги води во прволигашките води. Инаку вчера Беласица ремизираше со Кит го како дел од контролните средби за новата сезона