Младите кои имаат до 40 години а се занимаваат со земјоделство или имаат бизнис идеа во секторот земјоделство, од денеска до 29 август 2021 година, ќе можат да аплицираат за добивање на финансиска поддршка преку мерката 112 „ Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност“, или во јавноста попозната како Млад земјоделец. Корисници на оваа подддршка може да бидат сите кои имаат до 40 годиншна возраст, регистрирани како индивидуални земјоделци согласно законот за вршење на земјоделска дејност и законот за пензиско и инвалидско осигурување.
Максималната прифатлива поддршка за инвестиција изнесува до 600.000,00 денари или до 10 илјади евра по корисник а барателите поддршката може да ja искористат за започнување на земјоделска дејност, односно за инвестиции во опрема за преработка на земјоделски и производи од животинско потекло, како и за отворање на соспствен агро – бизнис. Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски инфирмира дека :