Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, на гостувањето во емисијата Топ тема на телевизија Телма, меѓу другото, зборуваше за ИПАРД 3 програмата. Потсети какви мерки се предвидени, кој се може да аплицира и кога се очекува да бидат објавени јавните повици.
„ИПАРД 3 програмата официјално беше донесена од страна на Европската комисија лани во март месец, по што следеше потпишување на секторската спогодба, финаниската спогодба и праќање на акредитацискиот пакет од страна на целата ИПАРД структура за којашто се чека одобрување за да може да ги стартуваме јавните повици. Ние веќе објавивме преднајава со којашто најавуваме дека со сигурност во следниот период ќе има повици од ИПАРД 3 програмата главно по основ на три мерки, Мерката за модернизација на земјоделски стопанства, Мерката за инвестиции во преработка и Мерката диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“, рече Бачовски