Граѓанскиот сектор во Струмица не сака барокна фасада во центарот на градот. Според нид идејното решение за реконструкција на експолициската зград, било во барокен стил. Со собирање потписи ќе бараат од надлжените да се измени решението за изгледот на објектот кој цел месец се реконструира за да стане зграда на јавната администрација.
Зградата каде беше струмичката полиција цели 6 години се распаѓаше и беше дувло на разбојници и наркозависници. Лани објектите ги доби министерството за финансии. За реконструкцијата на тендер ја ангажираше скопската Баур бг.
Според проекциите во зградата ќе бидатс сместени вработените од УЈП, катастарот, матичната служба и од одделението за имотно-правни работи и според премиерот граѓаните нема да шетаат од едно на друго место за да завршат било каква работа.