• Thu. Nov 21st, 2024

Атанас Василев најдобар тренер, Димитар Витанов најдобар кадет, Спасе Стојанов во Топ 3 сениори – Карате федерацијата ги прогласи најдобрите

ByВане Трајков

Dec 27, 2018

Македонската традиционална карате федерација ги прогласи најдобрите во овој спорт за 2018 тата година во државата.  Три награди завршија во струмичкото карате што значи дека претстои светла иднина за овој спрот во овој регион.

Тренерот на КК ,,Шихан” Атанас Василев е прогласен за најдобар тренер на годината. Под негова тренерска палка ,,шиханци,, освоија повеќе медали во машка и женска конкуренција ова година ,претежно во младите категориии но и со Спасе Стојанов од овој клуб кој стана апсолутен шампион во сениорска конкуренција а Стојан Костадинов со бронза.

Спасе Стојанов кој е фармацевт на манфестацијата МТКФ ги избира најдобрите за 2018 година го осови третото место во категоријата најдобар каратист

Надежта на струмичкото карате – Димитар Витанов пак од клубот ,,АБЦ” е прогласен за најдобар каратист во кадетска конкуренција на државно ниво. На кадетското првенство ова година тој ги освои сите можни златни одличја како во кати така и во техника и борби и стана апсолутен шампион во кадетска конкуренција. Претходно ова момче имаше и одлични настапи на повеќе турнири надовр од Македонија и веќе полека станува члдн на карате репрезентацијата на РМ

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *