Улицата во Добрашинци која во петокот се тампонираше и подготвуваше за асфалтирање, веќе е целосно завршена.
Општина Василево оваа улица ја асфалтираше во рамки на Програмата за изградба на локални патишта и улици за 2023 година со средства обезбедени од општинската каса. Вкупниот буџет изнесува 397 025 денари, должината е 130 метри, а ширината околу 3 метри.
Градоначалникот на Општина Василево, Славе Андонов, вети дека до крајот на месец декември ќе се асфалтираат уште две улици во населеното место Василево.