Пионерите на РК ,,Астраион,, од Струмица во рамките на последното есенско коло во Групата 3 остварија победа над директниот ривал за висок пласман, пионерскиот тим на Прилеп. Дербито им припадна на струмичките ракометни надежи кои на крајот славеа со 19:18 . Заслужена победа на ,,астраионци,, кои во текот на целата средба одиграа пожртвувано иако прилепчани кои имат долга традиција се сметаа за фаворити.
Со ова победа ,,Астраион,, со 6 победи и само еден пораз е на втората позиција веднаш зад ,,Торо спорт,, кој есенскиот дел го заврши без пораз, од кои пак младите струмичани го претрпеа единствениот пораз и тоа во гости во претпоследното коло. Пролетната пресметка меѓу овие две екипи во Струмица ќе одлучува за победникот во Групата 3 од која двете најдобри ќе играат во плеј офот за пионерски ракометен првак на Македонија.