За произведувачите на пченица во Македонија мерките кои ги најави министерот Николовски ќе имаат ефект само доколку не се одоговлечат. Предупредуваат дека ќе биде голема грешка доколку почнат да се реализираат по период подолг од 30 дена.
“Нам земјоделците сега ни се потребни површините кои не се издадени, а се на располагање, сега ни е потребна помошта која државата планира да ни ја даде за да можеме да набавиме семе- пролетна пченица, пролетен јачмен, пченка, овес, сончоглед и сите други зрнести производи, вели во интервју за “Локално” претседателот на Асоцијација на земјоделци на Маедонија, Петар Стојковски. Како подеднакво сериозно стравување тој го посочува недостигот на вештачко ѓувриво, но и неговата покачена цена.