Во организација на Центарот за теориска археологија при Одделението за археологија на Филозофскиот факултет во Белград од 29.03 – 31.03.2024 год. се одржа научен собир на тема „Археологијата на смртта“ каде учество зеде Ване П. Секулов – советник археолог од НУ Завод за заштита на спомениците на култура и Музеј – Струмица.
На научниот собир се претстави со темата „Оган во кругот“ каде се обработува развојот на фунерарниот контекст на некрополите од Споменичката целина Црвено Поле с. Барбарево, Општина Ново Село, од крајот на I до средината на VI век од навата ера при тоа следејќи го патот на античкото население кое живеело на Црвено Поле до неговата христијанизација.