• Sun. Nov 24th, 2024

АРМ одбележува 30 години од формирањето, предвидени се низа активности

ByВане Трајков

Aug 15, 2022

На свечен настан во касарната „Илинден“ по повод 30 години од формирањето на Армијата, на повеќе од 200 офицери, подофицери и цивилни лица во Армијата, министерката за одбрана Славјанка Петровска заедно со началникот на ГШ Генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски утре ќе доделат златни значки за долгогодишна служба во Армијата.

Благодарниците и признанијата на припадниците на Армијата, како што информираше денеска на прес-конференција министерката Петровска, се за сите долги работни денови, за нивниот труд и напорна работа, за нивниот личен влог кој овозможи да имаме армија достојна за почит, армија која има највисока доверба кај граѓаните.

Таа информираше дека на еден ден пред главната свеченост која е на 18 август, а ќе се одбележи под мотото „30 години безбедност, стабилност и доверба“ во касарната „Илинден“, на воениот стадион во Скопје во среда 17-ти август во 18:30 часот, граѓаните ќе имаат можност да видат дел од најновата модерна опрема на Армијата, да се дружат со армиските специјалци и секако да се забавуваат со воениот оркестар и со изведбата на повеќе наши музички ѕвезди.

-Во среда на воениот стадион ќе бидат изложени првите шест нови оклопни транспортери од американско производство кои неодамна пристигнаа и со кои значително се влијае на борбената готовност на армијата. До крајот на годината ќе биде испорачана и нова пратка од 27 вакви возила и понатаму следуваат испораките согласно  договорот, истакна Петровска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *