Управата на клубот и капитенот Марио Врдољак одлучија спогодбено да го раскинат договорот за ова првенствена сезона што значи дека во пролетниот дел од шампионатот, нема да настапува овој 30 годишен одбранбен фудбалер за нашиот сениорски состав.
Врдољак во Брера Струмица дојде на стартот од ова првенствена сезона. Одигра вкупно 16 првенствени натпревари и беше еден од столбовите на одбраната на нашиот тим и мотиватор на играта. Иако дефанизивец, Марио беше асистент за два гола, додека во дуелот со Струга Трим Љум во гости беше еден од стрелците победата на Брера.
Од клубот му се заблагодарија на Марио Врдољак што беше во тимот, за професионалниот однос и неговиот придонес во играта на Брера. Му посакуваа многу среќа и упсеси во понатамошната кариера.