Националниот Ансамбл на народни игри и песни на Македонија „Танец“ ќе одржи свој концерт во НУЦК „Антон Панов“ – Струмица, на 22.05.2019-та година (среда), со почеток од 20 часот.
„Танец“ претставува симбол на македонскиот фолклор, традиција и култура веќе седум децении и несебично ја презентира и споделува нашата богата традиција во земјата и во светот.
Влезницата за концертот чини 150 денари.