• Fri. Nov 22nd, 2024

Ангов и Костадиновска Стојчевска потпишаа договор – ќе се реконструира и адаптира Домот на култура во село Фурка

ByЃ. K.

Feb 1, 2024

Градоначалникот на Општина Дојран, Анго Ангов и Министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска денеска потпишаа договор за реконструкција и адаптација на Домот на култура во село Фурка.

Општина Дојран успешно аплицираше на огласот објавен од Министерството за култура, преку програмата за капитални дотации за инвестициони проекти во областа на културата и беше избрана меѓу единаесетте проекти од таа програма.

Проектот вклучува повеќе фази, вклучувајќи отстранување, санација и адаптација на дел од објектот, кој ќе служи како младински културен центар. Исто така, ќе биде изведено целосно партерно и хортикултурно уредување на просторот околу објектот со дополнителни содржини.

Во текот на оваа година, со средства од буџетот на општината Дојран, планирана е и внатрешна реконструкција на Домот на култура во Нов Дојран. Ова продолжување на веќе започнатиот процес, како што информира новинарот, коначно ќе резултира со нова и модерна сала за културни манифестации и настани, што ќе биде од значително значење за заедницата.

By Ѓ. K.