• Sun. Nov 24th, 2024

Американски хирурзи за првпат во историјата направија целосна трансплантација на човечко око: Операцијата траела 21 час, учествувале 140 луѓе

ByЃ. K.

Nov 10, 2023

Хирурзите во Њујорк велат дека ја направиле првата целосна трансплантација на око во светот иако не веруваат дека на нивниот пациент ќе му го врати видот. Арон Џејмс, кој доживеал незгода со струја од висок напон, беше подложен на операција, која траеше 21 час за да му се замени половина од лицето.

Хирурзите со години успешно ја пресадуваат рожницата. Експертите го нарекоа ова откритие клучен момент во потрагата за враќање на видот на милиони луѓе. Џејмс, работник на далноводи од американската сојузна држава Арканзас, изгубил поголем дел од лицето кога случајно допрел жица од 7.200 волти под напон во 2021 година.

By Ѓ. K.