• Mon. Nov 25th, 2024

Актуелни и поранешни репрезентативци во Дојран започнаа курс за тренери

ByЃ. K.

Oct 19, 2023

Во Дојран, во организација на Центарот за едукација при Фудбалската федерација на Македонија се одржува првиот модул за учесници од 28-та генерација, кандидати за добивање на УЕФА Б тренерска лиценца.

Во првиот модул учествуваат 26 ученици, меѓу кои и неколкумина поранешни и актуелни репрезентативци во најдобрата македонска селекција. Како дел од фокусот на програмата се дискутира за работата на младинските селекции и воошто во младински категории. Модулот опфаќа повеќе клучни теми соодветни на нивото на фудбалска едукација, а меѓудругото тука се и тренинзите и натпреварите на соодветните младински категории.

Покрај учесниците, кандидати за УЕФА Б лиценца, курсот се реализира од страна на професорите од Центарот за едукација, предавачи и ментори. На тренерскиот семинар за добивање на УЕФА Б лиценца учествуваат актуалните македонски репрезентативци Езѓан Алиоски и Давид Бабунски, но и поранешните фудбалери во селекцијата, Агим Ибраими, Крсте Велковски, Даниел Мојсов, Арменд Алими, Владимир Димитровски, како и Јасмин Мециновиќ, Христијан Кировски, Музафер Ејупи…

Во текот на семинарот низ отворен разговор со учесниците, предавачите и менторите ги споделуваат своите искуства од нивната работа, предизвиците со кои се соочуваат секојдневно во контекст на односите со колегите и играчите, а исто така се дискутира и за пречките кои им стојат на патот до успехот. Низ теоретски и практични начини учесниците на семинарот се обидуваат да ги доближат нивните методи на работа, пристапот кон тренинзите и подготовките за натпреварите.

Учесниците на семинарот во текот на вчерашниот ден, заеднички го следеа натпреварот и победата на Македонија против Ерменија во Струмица.

By Ѓ. K.