• Fri. Nov 22nd, 2024

Активистите против рудници ќе водат кампања за бојкот на парламентарните избори

Ваков став изнесоа граѓаните – активсите против рудници во Југоистокот. За нив е неприфатлива пресудата на Управен суд за поништување на одлуката на Второстепената комисија и во неа гледаат корупција на судската власт.

На вчерашниот координативен состанок којшто го одржаа на симболичното место, кај Иловичка брана, активистите се договориле и кои ќе бидат нивните активности за претстојниот период. Една од нив е кампања за бојкот на парламентарните избори.

Во своето соопштение тие наведуваат:
„Посебен заклучок е донесен да се бојкотираат изборите, во било каква форма, се до целосното решавање на проблемот со рудникот. Во таа насока активно ќе се вклучиме против сите предизборни кампањи на политичките партии, на терен и во медиумите, но и изразување на отворено незадоволство при посети или митинзи. Не се пожелни и добредојдени политички партии во Струмица и Струмичко, кои се дел од корумпираниот систем и не се во состојба ефективно да одговорат на граѓаните во југоисточна Македонија за критични проблеми од највисоко значење поврзани со животите, здравјето, екологијата и долгорочниот интерес на заедницата“.

Освен тоа, имаат план и за други активности:

Правни активности
• Изготвувње на заедничка групна жалба со правни тимови од повеќе различни субјекти (еколошки организации, политички партии, професори и адвокати)
• Поднесување на кривични пријави и пријави за корупција
• Покренување на меѓународна истрага во соработка со еколошки и медиумски меѓународни организации за истражување на висока корупција
• Поднесување на претставки до официјални полициски и регулаторни институции во Канада, САД, ЕУ како и меѓународни организации за борба против организиран криминал

Физички активности
• Герила акции со изразени ефекти на револт
• Граѓанска непослушност
• Организирање на протести во Струмица, Струмичко, Југоисточна Македонија и Скопје
• Блокади на сообраќајни правци, државни и локални институции, судови и канцеларии

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *