На собраниска седница почна расправата по Предлог-закон за измени и дополнувања на Законот за минерални суровини, кој експлицитно забранува примена на цијаниди и сулфурна киселина. Предлогот го доставија група пратеници од владеачкото мнозинство каде што како аргумент го наведоа што се изадени концесии за површински копови за рудници за бакар и злато – Казандол во Валандово и Иловица во Босилово, кои во своите постапки користат сулфурна киселина, односно цијаниден раствор во огромни количества.Ангел Наков од Спас за Валандово кој учествува на расправата вели дека сите граѓански активисти го подржуваат оиве измени кои не се однесуваат за веке постоечките рудници
Македонсkата асоцијација за рударство смета дека овој закон ке го уништи рударскиот сектор и последиците ке бидат огромни со оглед дека ова индустрија се вработени илјадници работници. За Николајчо Николов со предложените измени се прака лоша порака до инвеститорите во овој сектор. Забелешки на предложените измени дадоа и министерствата за кои се расправа на собраниска комисија