• Fri. Nov 22nd, 2024

Ако епидемиолошката ситуација остане стабилна ќе има настава со физичко присуство

Ако епидемиолошката ситуација остане стабилна ќе има настава со физичко присуство

Од септември, учениците ќе одат во училиште доколку епидемиолошката состојба остане непроменета.

– Ако епидемиолошката ситуација е како што е сега сите ученици ќе почнат за нешто повеќе од еден месец практично со физичко присуство без рестрикција во одделенијата или бројката во училници за што постојат протоколи – проветрување, начин на седење, менување на училниците за предметната настава итн., истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Посочи дека битно е што ги имаат разработено сите сценарија и интензивно работеле со Министерството за образование и наука и добар план направиле.

– Добри три сценарија се разработија во зависност од епидемиолошката ситуација. Доколку се влоши епидемиолошката ситуација подготвени сме да и тука интервенираме во дел на тоа како се организира наставата, додаде Филипче, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Клиничката болница во Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *