Со головите на Маронг во 33 и Велиновски во 44 минута, Академија Пандев победи против Работнички со 2-1, за тимот од Скопје погоди Станковски од втора, прво шутираше од пенал, Јовановски одбрани, а тој ја искористи одибиената топка и запиша гол во 51 минута.
Со оваа победа, Академија Пандев обезбеди сигурно пласман во квалификациите за Конференциската лига, без разлика на резултатите од денес, и во последното коло кога му гостува на Шупи, новиот шампион на Македонија.
Македонија ЃП загуби од Струга на домашен терен со 1-3, и со тоа се откажа од борба за едно од двете места кои носат пласман во Европа, шансата ќе ја бара преку победа во финалето на Купот против Силекс.
Резултати, 26 коло:
Академија Пандев – Работнички 2-0
Шкендија – Шкупи 0-0 (во тек)
Македонија ЃП – Струга 1-3
Брегалница -Тиквеш 1-0
Пелистер – Борец 2-1
Ренова -Скопје 2-0