Во недела стартува пролетниот дел од прволгиашкито фудбалски шампионат на Македонија. Тимот на Академија Пандев пролетната сезона нема да ја започне на стадионот Кукуш во Турново туку дуелот со Македонија ЃП ќе го одигра на стадионот Младост во Струмица. Како што информираа од Академијата теренот во Турново се санира за десетина дена ќе биде функционален
,, Теренот во Турново не е во најдобра состојба и во моментов се санира. Затоа одлучивме неделниот меч да го одиграме на Младост во Струмица а не на Кукуш каде ги игравме домашните натпревари од есенскиот дел. После санацијата се враќаме во Турново,, ни изјави Југослав Тренчовски стратегот на Академијата која по есенскиот дел се наоѓа на третата позиција на прволигашкито шампионат
„Пандевци“ против Македонија Ѓорче Петров сезонава имат победа на домашен и пораз на гостински терен. Дуелот е закажан во 14 часот а а цената на билетите ќе биде 100 денари.