Членови на АК Беласица Ран од Струмица викендов учествуваа на на трката ,,Халк еко Скопје трча,, во должина од 10 километри. Како што соопштија од клубот на ова трка боите на струмичкиот атлетски клуб ги бранеле 10 учесника од кои три во женска конкуренција. Според информациите од Васил Георгиески сите натпреварувачи ја истрчале делницата од 10 километри постигнувајки солидни времиња. Инаку на ова трка учествуваа околу 1000 натпреварувачи од повеќе атлетски клубови од земјава кои уште еднаш ја испратија пораката за поголема физичка активност. Инаку членови на АК Беласица Ран изминатиов период учествуваа на повеќе национални екипни и поединечни првенства на 800, 3 000, 5 000 и 1 0000 метри кои се одржаа на националната арена Тоше Проески во Скопје