• Fri. Nov 22nd, 2024

Администрацијата ќе работи од дома или со ротации

Владата ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести целата државна и јавна администрација, општините и судовите, согласно принципот на работа и работниот процес, организирањето на работата да се одвива во смени или онлајн од дома или, пак, редуцирано со систем на ротации зависно од карактеристиките на работниот процес на институциите.

Исто така, работното време на сите угостителски објекти се ограничува до 23 часот, освен на оние што вршат испорака, се ограничува капацитетот на патници во возилата на јавниот превоз на 50% од вкупниот број на патници предвидени во едно возило. Ова се дел од рестриктивните мерки кои вчера попладне беа усвоени на владината седница, а ги предложи Комисијата за заштита од заразни болести.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *