• Fri. Nov 22nd, 2024

АД Мепсо со инвестиции во енергетскиот сектор

ByВане Трајков

May 29, 2020

Извршивме замена на стара опрема која што беше во функција скоро четириесет години со нова високонапонска опрема. Заменетисе старите со нови прекинувачи и разделувачи во целата постројка, освен за полето кон ВЕЦ Богданци (кои се нови), а во целост, на сите полиња се заменети сите потпорни изолатори и мерните трансформатори, кажа директорката на Мепсо Ева Шуклева на денешната посета на трафостаницата во Валандово 

Инвестицијата од 770.000 евра, во нова опрема за АД МЕПСО ќе значи и намалување на трошоците за одржување и дефекти, а за стопанството сведување на минимум на ризиците од испади. Со заем од Европската банка за обнова и развој во висина од 770 илјади евра, АД Мепсо изврши замена на опремата стара 40 години на трафостаницата кај Валандово со што се очекува стабилност на електричното напојување на потрошувачите  приклучени на дистрибутивната мрежа во овој дел од државата. Како што потенцираше директорката на МЕПСО Ева Шуклева со модернизација на ова трафостаница се очекува и сигурност  во снабдувањето со енергија на железиничката инфрастурктура но и стабилен прием на енергија од Ветерниот парк од Боданци  а отвора можност и за дополнителни инвестиции за искористување на ветрот како обновлив извор на енергија

Новата опрема на долг рок ќе овозможи зголемена доверливост во работата на трансформаторската станица, истата ќе овозможи зголемена сигурност во напојувањето на потрошувачите приклучени на дистрибутивнат амрежа во Валандово како и во регионот на Богданци и Гевгелија.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *